Јокиќ го „сруши“ и Бруклин, трипл-дабл на Дончиќ, Богдановиќ лидер на Атланта

Денвер предводен од Никола Јокиќ и неговите 26 поени, 10 скока и 8 асистенции успеа да го совлада Бруклин на гостински терен со 118-124. Кај домашниот тим 25 поени постигна Томас, додека 21 поен и 6 асистенции забележа Милс.

Лука Дончиќ имаше скромен поентерски ден кој го заврши со само 15 постигнати поени, но Словенецот додаде и 15 асистенции и 10 скока во победата на Далас над Портланд со 112-132. Лидер на домаќините беше Симонс со 23 поени и 7 асистенции, додека Јусуф Нуркиќ мечот то заврши со 18 поени и 8 скока.

На победа се радуваше и Атланта која го доби Сакраменто со 121-104 на крилјата на српскиот интернационалец Богдан Богдановиќ и неговите 18 поени, 7 асистенции и 3 скока. Најрасположен кај гостите беше Барнс со 28 поени и 9 скока.

Во останатите натпревари Кливленд славеше со 115-99 над Милвоки, Шарлот го доби гостувањео кај Индијана со 126-158, Клиперс стигнаа до нова победа на гостувањето кај Орландо од 102-111, Мајами славеше на домашен терен со 110-96 над Њурјок, Чикаго со 111-105 над Торонто, додека до нови два бода на гостување стингаа и Мемфис и Феникс кои ги добија дуелите со Сан Антонио, односно Јута со 110-118 и 97-105.

Се вчитува...