Јокиќ херој за Денвер во „лудницата“ против Портланд, Лејкерс пред елиминација (ВИДЕО)

Никола Јокиќ го предводеше Денвер Нагетс до водство од 3-2 во четвртфиналната серија во Западната конференција во „лудата“ победа по две продолженија од 147-140. Србинот натпреварот го заврши со 38 поени, надополнети со 11 скока и девет асистенции. Кај Портланд, Демјен Лилард заврши со постигна неверојатни 55 поени.

Актуелниот шампион, ЛА Лејкерс е пред елиминација уште во првата рунда откако беше декласиран од Феникс Санс во петтиот меч од серијата со 115-85. Девин Букер со 30 поени беше најефикасен кај Фениск, додека кај Лејкерс недоволни беа 24 поени на Леброн Џејмс.

На Истокот, Бруклин Нетс ја заврши работата против Бостон Селтикс откако во петтиот меч славеше со 123-109.

Се вчитува...