Јокиќ и Богдановиќ ги предводеа Денвер и Јута до победа, еден Дончиќ недоволен за славје на Далас

Денвер и Јута ја продолжија трката за четвртата позиција во Западната конференција откако забележаа нови победи. Денвер славеше со 100-106 на гостувањето кај Сакраменто благодарение на новата одлична партија на Никола Јокиќ, додека Јута со 123-85 го прегази Портланд на крилјата на Бојан Богдановиќ.

Српскиот интернационалец натпреварот го заврши со 38 поени, 18 скока и 7 асистенции, додека Хрватот со 27 поени и 4 скока беше првото име во својот тим.

Одлична вечер имаше и Лука Дончиќ, но неговиот Далас прерпе пораз од 77-107 на домашен терен против Њујорк. Словенецот мечот го заврши со 31 поен на кои додаде и 6 скока и 4 асистенции.

Џејсон Тејтум и Јанис Адетокумпо ја надминаа границата од 40 постигнати поени во победите на Бостон над Шарлот, односно Милвоки над Атланта. Американецот броеше до 44 поени на кои додаде и 5 скока, додека Гркот оставари дабл-дабл од 43 поени и 12 скока.

Се вчитува...