Јокиќ и Дончиќ ја предводат идеалната петорка во НБА лигата

Двократниот најкорисен кошаркар, Србинот, Никола Јокиќ ја предводи најдобрата петорка за сезоната 2021/2022 во НБА лигата.

Очекувано по освојувањето на вториот МВП трофеј во две години, ѕвездата на Денвер Нагетс е на позиција пет во идеалниот тим, каде друштво му прават Лука Дончиќ од Далас, Јанис Адетокумпо од Милвоки, Девин Армани Букер од Феникс и Џејсон Тејтум од Бостон.

Вториот тим го сочинуваат: Ембид, Морант, Дурант, Кари и Дероузен, додека во третиот се најдоа Таунс, Џејмс, Пол, Јанг и Сјакам.

Се вчитува...