Јокиќ и Дончиќ на чекор до трипл-дабл во новите победи на Денвер и Далас (ВИДЕО)

Никола Јокиќ и неговиот Денвер стигнаа до 42 победа во НБА лигата откако славеа со убедливи 109-127 на гостувањето кај Вашингтон во главниот град на САД.

Српскиот интернационалец повторно блескаше на теренот и беше на чекор до трипл-дабл учинок проследен со 29 поени, 13 скока и 8 асистенции. Кај Вашингтон се истакна Дени Авдија со 19 поени и 7 скока.

На чекор до трипл-дабл учинок беше и Лука Дончиќ во победата на Далас на гостувањето кај Бруклин со 111-113. Словенецот мечот го заврши со 37 поени, 9 скока и 9 асистенции, а го имаше и клучното додавање за Спенсер Данвиди кој погоди со звукот на сирената за победа.

Џејсон Тејтум и Џејлен Браун пак беа енигма за Голден Стејт во победа на Бостон од 88-110. Тејтум ги предводеше „зелените“ со 26 поени и 12 скока, додека Браун додаде 26 поени и 7 скока. Предводник на домаќините беше Пул со 29 поени.

Се вчитува...