Јокиќ и Дончиќ повторно ги воодушевија Американците, Нуркиќ заработи незгодна повреда… (ВИДЕО)

Српскиот центар Никола Јокиќ продолжува да се бори за МВП титулата во НБА лигата, уште еднаш брилјирајќи против Њујорк никс со нов трипл-дабл, кој е за него 22 сезонава и дури 127-ми во неговата НБА кариера.

Денвер славеше со 113-100, со феноменалниот ефект на Јокиќ од 30 поени, 14 скока и 11 асистенции.

Со одлична форма продолжува и Лука Дончиќ кој го водеше Далас до победа над Јута од 113-97. Словенецот запиша 34 поени, а беше и блиску до „трипл-дабл“ со девет скока и осум асистенции.

Далас за 6. место во Конференцијата ќе се бори со Феникс бидејќи сега се на ист учинок од 41 победа и 29 порази.

А, Феникс славеше против Атланта со 128-115, во мечот во кој босанскиот центар Јусуф Нуркиќ заработи незгодна повреда во третата четвртина кога центарот на Атланта, Клинт Капела ненамерно го удри во глава. Сепак, откако го напушти теренот, пред крајот на мечот Нуркиќ се врати на клупата и на крај мечот го заврши со 7 поени, 10 скока и две асистенции.

Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ, кај Атланта, натпреварот го заврши со 16 постигнати поени.

Се вчитува...