Јокиќ и Дончиќ воодушевија со меѓусебниот двобој, за историја во НБА (ВИДЕО)

Никола Јокиќ го запиша својот 21-ви „трипл-дабл“ сезонава, а неговиот Денвер го победи Далас со 118-109 во еден од синоќешните мечеви во НБА лигата.

Двата тима беа ослабени со неиграње на некои важни свои кошаркари. Кај Денвер недостасуваа Реџи Џексон, Џамал Мареј, Арон Гордон…, а кај Далас не настапија Кајри Ирвинг, Тим Хардавеј јуниор. Во една таква консталација на силите, блескаше за Далас, Лука Дончиќ но му недостасуваше помош од соиграчите за подобар резултат.

Јокиќ, пак, мечот го заврши со 14 поени, 13 скока и 10 асистенции, што е за него 96-ти „дабл-дабл“ во кариерата. Водечкиот тим во Западната конференција тоа го искористи за 27-ма победа во 31-та домашна средба оваа сезона, а Јокиќ со овој меч уште еднаш запиша историја за лигата. Стана и само трети играч во историјата кој паузата во сезоната порад Олстар го дочекува со 500 или повеќе скока и асистенции. Досега тоа им успеало само на Расел Вестбрук и на Оскар Робертсон.

Џеф Грин со 24 поени и Мајкл Портер со 22 поени беа најдобри стрелци кај Денвер. Кај Далас, Лука Дончиќ заврши со 37 поени, а дополнети и со четири скока, четири украдени топки и девет асистенции.

За него беше тоа 65-ти натпревар во НБА лигата во кој постигна 35 или повеќе поени. Само Леброн Џејмс имал повеќе пред прославата на 24-от роденден.

Се вчитува...