Јокиќ има поддршка од „српската колонија“: Заслужува да биде МВП, тоа ќе значи многу за Србија

Никола Јокиќ веќе неколку години наназад е лидерот на Денвер, а оваа сезона српскиот ас навистина блесна на паркетот со што влезе во конкуренција за престжната МВП награда на најсилното кошаркарско натпреварување. Одличните настапи од регуларниот дел од сезоната Јокиќ ги пренесе и во плејофот.

Во четвртфиналето беше еден од најзаслужните за елиминацијата на Портланд, а сега тимот од Колорадо ќе се сретне со Феникс кој го елиминираше шампионот Лејкерс. Покрај Јокиќ, Србија ќе има уште еден претставник во оваа фаза од разигрувањето за титула откако Атланта на Богдан Богдановиќ избори место во полуфиналето.

Бекот пред полуфиналната серија говореше за медиумтие во САД, а се осврна кон колегата од репрезентацијата за кој вели дека заслужува да биде МВП, но и за „српската колонија“ на играчи во НБА.

„Чет-групата на српски кошаркари во НБА ја направивме за време на пандемијата на коронавирус кога игравме многу игри на интернет. Навиваме сите МВП наградата да му припадне на Јокиќ, а и тој самиот знае дека ја има нашата поддршка. Тој го заврши својот дел од задачата и сега нам, на играчите ни е време да го кренеме гласот кога станува збор за оваа награда. Тоа сигурно би значело многу за нашата држава, Србија прв пат во историјата да има МВП играч во НБА лигата. Тоа е навистина нешто специјално. Јокиќ направи многу оваа година, но и годините наназад. Докажа дека е МВП“, вели Богдановиќ, кој потоа откри и како изгледа еден собир на Срби во САД…

„Кога ќе се собереме тоа обично се одбележува со домашна музика. Така се дружиме по сезоната, а во текот на неа одиме едни кај други во домовите и подготвувавме храна за сите нас. Обично доаѓаат и нашите семејства кои прават домашна храна. Нешто убаво за да не не фати носталгија“, објасни Богдановиќ.

Се вчитува...