Јокиќ: Јас не сум тренер, не навлегувам во тактиките на Мајк Мелоун

Синоќа по вторпат беа поразени кошаркарите на Денвер Нагетс од Феникс Санс. Феникс сега води 2-0 во серија, а Никола Јокиќ беше најзабележаниот играч во поразениот тим. Очигледно не можеше сам, а соиграчите не го следеа добро и поразот беше многу реална ситуација.

Никола беше искрен и го призна поразот од противникот, но Србинот потенцираше дека без оглед дали губи неговиот тим или не, тој секогаш се труди да игра на врвно ниво.

„Феникс беше подобар тим, и мислам дека не се предадовме. Јас не се откажувам. Мислам дека морам да играм на врвно ниво на секој натпревар. Сметам дека како лидер не можам да изберам, морам да бидам во одлична форма на секој натпревар”, изјави Јокиќ.

Тимот на Санс со синоќешната победа дојде до сериозно водство од 2-0, па во преостанатите натпревари Србинот најави дека неговиот тим и соиграчите мора да ја променат тактитката и да играат по динамично.

“Да, тие играат подобро од нас, тие се поагресивни, обезбедуваат подобри позиции за шут кон кошот. Ние мора да промениме сè, да го смениме ритамот на играта”, рече Јокиќ.

Тренерот на Денвер најави промени на третиот натпревар, но Србинот кажа дека нема намера да навлегува во неговата работа и тактика.

“Не знам, не сум тренер. Не навлегувам во тактиките на Мајк Мелоун”, заклучи Јокиќ.

Новиот МВП на најсилната лига во светот наскоро се очекува да го потпише најголемиот договор во историјата на НБА лигата.

Се вчитува...