Јокиќ конечно добива помош во Денвер

Раководството на Денвер нагетс му ја исполни желбата на Никола Јокиќ доведувајќи нов кошаркар кој ќе му помогне на српскиот центар во битката под обрачите. Во последниот ден од преодниот рок нов член на Денвер стана Џавал Мекги, искусен центар кој во кариерата има освоено и три шампионски прстени (два со Голден Стејт, еден со ЛА Лејкерс).

Мекги доаѓа од редовите на Кливленд, каде сезонава има просек од 15 минути по натпревар, притоа реализирајќи по 8 поени и 5 скокови по натпревар. Негов главен квалитет е играта во одбрана, каде се очекува да му биде од огромна помош на тимот на Денвер.

Нагетс го презедоа преостанатиот дел од неговиот договор со Кливленд вреден 4,2 милиони долари. Воедно, Денвер го испрати во Кливленд својот кошаркар Ајзеа Хартенштајн, како и два пика од вторите рунди од драфтот во следните години.

Се вчитува...