Јокиќ: МВП? Подобро да ме помнат како шампион и тимски играч

Никола Јокиќ одигра уште еден одличен натпревар во победата на Денвер над Клиперс. Српскиот интернационалец мечот го заврши со 30 поени, 14 скока и 6 асистенции, уште еднаш предводејќи го својот тим.

По натпреварот центарот на Денвер говореше за несебичноста во играта, а изјави и дека сака да биде запомнет како некој кој е шампион и тимски играч, а не по МВП признанието.

„Јас сакам да ја додавам топката. Така играм од кога знам за кошарка. Тренерот постојано ми говореше, кога ќе направиш асистенција среќни се двајца, а кога ќе дадеш кош само еден“, вели Јокиќ кој потоа се осврна и кон МВП наградата.

„Да бидам искрен не размислувам за тоа. МВП наградата е индивидуална. Да, можеби некој ќе ме помни по тоа, но јас сакам да бидам запомнет како некој кој бил шампион и добар тимски играч“, вели Јокиќ.

Се вчитува...