Јокиќ не е од оваа планета, Леброн го „реши“ Бруклин (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа девет натпревари. Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжува со неверојатните партии сезонава во НБА лигата. Тој во победата на неговиот Денвер Нагетс над Детроит Пистонс од 105-110 заврши со 28 поени и 21 скок, а му фалеше само уште една асистенција за трип-дабл.

Кај поразените недоволни беа 34 поени на Чед Канингем.

Во дербито на вечерта Лос Анџелес Лејкерс славеше на гостувањето кај Бруклин нетс со 96-106. Леброн Џејмс со 33 поени беше прво име во победничкиот табор, а својот „кам-бек“ по повредата го имаше и Ентони Дејвис кој заврши со осум поени. Во таборот на Нетс недоволни беа 33 поени на Џејмс Харден.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Филаделфија – Њу Орлеанс 117-107, Торонто – Шарлот 125-113, Вашингтон – ЛА Клиперс 115-116, Бостон – Сакраменто 128-75, Хјустон – Сан Антонио 104-134, Голден Стејт – Далас 130-92 и Портланд – Минесота 107-109.

Се вчитува...