Јокиќ не може се сам, единаесетта победа во низа за Феникс (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа седум натпревари. Кошаркарите на Денвер Нагетс загубија на гостувањето кај Минесота Тимбервулвс со 130-115.

Недоволни беа 21 поен, надополнет со 16 скока и осум асистенции на Никола Јокиќ кој повторно беше единствен расположен во својот тим. Кај победникот Карл Ентони Таунс заврши со 24 поени.

Најдобриот тим сезонава во лигата Феникс Санс стигна до 11 победа во низа откако славеше на домашен терен над Бруклин Нетс со 121-111. Девин Букер со 35 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Кајри Ирвинг уфрли 26 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Детроит – Њу Орлеанс 101-111, Милвоки – Вошингтон 112-98, Торонто – Мајами 110-106, Чикаго – Орландо 126-115 и Сан Антонио – Голден Стејт 120-124.

Се вчитува...