Јокиќ: Не ми е гајле за ЛА Лејкерс

Најдобриот играч на Денвер, Никола Јокиќ во пресрет на новата сезона во НБА лигата говореше за америкаанските медиуми околку тоа како никој не го смета тимот од Колорадо за претендент за титула.

„Дури и сега уште зборуваат за тоа како Клиперс изгубија, а не за тоа како Нагетс победија. Но, ние не се грижиме за тоа дека не добиваме никаква почит. Ние ќе бидеме таму, и минатата сезонава бевме во тешки ситуации, но се бориме. Дека никој не ни дава почит не значи дека и ние го следиме нивното мислење, знаеме за што сме способни“, изјави Србинот.

Центарот на Денвер нема премногу грижи ни за Лејкерс, кои во предсезоната донесоа нови засилувања со кои стабилноста на тимот треба да се искачи на едно ново ниво. Промени имаше и во составот од Колорадо, каде заминаа Џереми Грент, Тори Крег и Мејсон Пламби, а пристигнаа Џамикал Грин и Факундо Кампацо.

„Да бидам искрен, не ми е гајле за Лејкерс. Тие ќе бидат добри во секој случај. Околку нас ми се допаѓа тоа што имаме нови играчи, мислам дека секоја промена е добра за тимот, се раѓа нова енергија, нови играчи, нови индивидуи. Мислам дека ќе биде возбудливо и едвај чекам да видам како ќе играме“, додаде двократниот Олстар играч.

Се вчитува...