Јокиќ повторно со атракции…, но Денвер загуби (ВИДЕО)

Голден стејт славеше против актуелните шампиони на НБА, Милвоки во натпревар пред своите навивачи. Личен рекорд во победата од 122-109 испорача Клеј Томпсон, одигрувајќи го својот 300-ти меч во кариерата со повеќе од 20 постигнати поени.

Томпсон, кој на паркетот се врати по операцијата на коленото а потоа и повредата на ахиловата тетива, погоди 15 од 24 обиди од игра, и мечот го заврши со 38 поени. На тоа дополни со шест скока и пет асистенции.

Јанис Адедукомбо запиша 31 поен, дополнети и со осум скока, за Милвоки.

Изминатава ноќ пораз запиша Денвер со актуелниот МВП-играч Никола Јокиќ во составот.

Денвер го пречекаа Торонто кој со серија од 8-20 во завршните минути од 107-107 дојде до победа од 115-127.

Се вчитува...