Јокиќ сам го победи Њу Орлеанс, конечно славеше и ЛА Лејкерс

Никола Јокиќ продолжува да покажува зошто важи за еден од главните кандидати за МВП наградата сезонава, откако српскиот центар го предводеше Денвер до уште една победа, овојпат од 108-113 на гостувањето против Њу Орлеанс. Домашните кошаркари го контролираа резултатот се до самиот финиш, кога Јокиќ при 102-96 иницираше серија од седум поени на противникот, по што Денвер направи пресврт и на крајот се радуваше на победата. Србинот беше прв стрелец со 37 поени, а покрај тоа имаше и девет асистенции и шест скокови.

ЛА Лејкерс конечно славеше на еден меч без Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, триумфирајќи над Кливленд со 100-86 и прекинувајќи ја „црната серија“ од четири порази. Пресудна беше одличната одбрана во третата четвртина во која гостите постигнаа само 10 поени (28-10), по што „езерџиите“ си создадоа солидна предност што ја задржаа дос амиот крај. Харел со 24 и Шредер со 17 поени беа најефикасни во редовите на актуелниот шампион.

Лука Дончиќ паузираше поради ситна повреда, а Далас без својот клучен играч претпрпе пораз на домашен терен од Индијана со 94-109. Порзингис постигна 31 поен, но и тоа беше недоволно за триумф на маверикс, додека кај Индијана најефиксни беа Сабонис и Брогдон со по 22 поени.

Резултати НБА:

Детроит – Бруклин 111-113, Милвоки – Бостон 114-122, Торонто – Феникс 100-104, Шарлот – Мајами 110-105, Минесота – Хјустон 107-101, Њу Орлеанс – Денвер 108-113, Орландо – Портланд 105-112, Далас – Индијана 94-109, Јута – Мемфис 117-114, Голден Стејт – Атланта 108-124, ЛА Лејкерс – Кливленд 100-86.

Се вчитува...