Јокиќ скромен во поразот од Денвер, Милвоки без Јанис лесно против Хјустон

Денвер не успеа да влезе во нова победничка низа откако загуби со 108-94 на гостувањето кај Оклахома. Српскиот интернационалец Никола Јокиќ одигра скромен меч кој го заврши со 13 поени и 7 скока за речиси 25 минути поминати на паркетот. На спротивната страна блесна Шаи Гилгеус-Александар со трипл-дабл од 27 поени, 12 асистенции и 11 скока.

Актуелниот шампион Милвоки пак им се врати на победите откако славеше со 126-106 над „фенерџијата“ Хјустон без Јанис Адетокумпо. Во отсуство на Гркот блесна Холидеј со 24 поени и 10 асистенции, додека за Рокетс дабл-дабл забележа Крис Вуд.

Орландо славеше со 98-104 на гостувањето кај Аталанта, меч на кој настапи и поранешниот член на МЗТ Скопје, Хасани Гравет кој натпреварот го заврши со осум поени, пет скока и пет асистенции. Богдан Богдановиќ за Хокс реализираше шест поени.

Во останатите натпревари Бостон славеше над Кливленд со 111-101, додека Лос Анџелес Клиперс им се вратија на победите со триумф на гостувањето кај Сакраменто од 89-105.

Се вчитува...