Јокиќ со алкохол и оро го прослави договорот вреден 270 милиони долари (ВИДЕО)

И покрај тоа што стана еден од најплатените спортисти на планетата, Никола Јокиќ воопшто не е модел на спортска ѕвезда. Јокиќ пред неколку дена го потпиша договорот вреден 270 милиони долари, што претставува најскапиот договор во НБА. Со тој договор Србинот и во следните пет години ќе биде дел од Денвер.

Српскиот кошаркар овој спектакуларен договор го прослави во БИХ. Тој замина на рафтинг на Тара во близина на Фоча и максимално се опушти со своите браќа и со своите најблиски пријатели.

На социјалните мрежи почна да кружи снимка во која се гледа дека Јокиќ е во алкохолизирана состојба. Јокиќ на забавата се соблече гол, и играше оро околу оган, што дефинитивно покажа дека знае да се забавува.

Се вчитува...