Јокиќ со барање: Донесете ми го овој Србин во Денвер

Никола Јокиќ две години по ред го добива признанието за МВП на сезоната во НБА-лигата, но недоволно квалитетниот ростер на Денвер нагетс е причина Србинот да е далеку од борбата за шампионската титула.

Јокиќ решил да ги земе работите под свое, па јавно побарал од челниците на Денвер да ја засилат екипата, а на врвот на неговата листа со желби се наоѓа сонародникот Василије Мициќ. Одличниот бек има зад себе две титули во низа во Евролигата, Мициќ не крие дека е сериозно заинтересиран за преселба во НБА доколку добие интересна понуда, а Јокиќ ќе направи се што може за да го „истурка“ неговиот трансфер во Денвер.

Работата нема да биде лесна, правата над Мициќ ги има Оклахома, заинтересирани за српскиот плејмејкер се и Милвоки, Чикаго и Сан Антонио, па челниците на Денвер ќе мора да дадат се од себе за да ја исполнат желбата на Јокиќ.

Се вчитува...