„Јокиќ со причина е МВП, добро е што повеќе нема да ми прави проблеми“

Настапот за Никола Јокиќ и Денвер во овогодишното издание на плеј-офот на НБА лигата заврши во првата фаза од разигрувањето откако тимот од Колорадо беше поразен со вкупни 4-1 од страна на Голден Стејт. Србинот повторно беше најдобриот играч во својот тим, но ја немаше поддршката од своите соиграчи кои мака мачea со повреди во текот на целата сезона.

По серијата Јокиќ доби пофалби и од страна на Дрејмод Грин, кој изјави дека Србиот со причина е МВП, а се нашали и дека добро е што повеќе нема да му прави проблеми.

„Знаевме дека играат преку Јокиќ, но тоа нема врска. Може да знаеш што ќе направи, но тешко е да го запреш. Апсолутено неверојатен играч. Со причина беше МВП претходната година и со причина најверојатно ќе биде МВП оваа година. Беше неверјатно да се борам против него во текот на целата серија. Ме направи подобар играч и благодарен сум што имав директен дуел со него. Беше тешко, секој пат кога ќе го видам како трча со помислувам: Уф боже, идеме повторно. Добро е што повеќе нема да ми прави проблеми“, изјави еден од најдобрите дефанзивци на НБА.

Се вчитува...