Јокиќ со „трипл-дабл“ за триумф на Денвер над ЛА Лејкерс, Дончиќ го носеше Далас до победа (ВИДЕО)

Српскиот центар Никола Јокиќ запиша уште една маестрална партија во убедливата победа на Денвер од 133-96 над ЛА Лејкерс.

Јокиќ мечот го заврши со нов „трипл-дабл“ учинок од 17 поени, 12 скока и 13 асистенции. За српскиот центар ова е вкупно 65. „трипл-дабл“ во кариерата (осми сезонава) израмнувајќи се со Џејмс Харден на седмото место на вечната листа. Лидер е Расел Вестбрук кој 193 пати запишал „трипл-дабл“ ефект.

Најефикасен во победничкиот тим беше Руки Бонс Хајленд со 27 поени дополнети и со 10 скока, а Џеф Грин заврши со 26 поени. На спротивната страна кај „езерџиите“, Леброн Џејмс беше најдобар со 25 поени, а Вестбрук запиша 19 поени.

Денвер е шести на табелата во Западната конференција со скор од 22-19, додека Лејкерси се на седмото место со учинок од 21-22 по третиот едноподруго пораз.

Третата победа во последните четири натпревари е помалку изненадувачка за Портланд на гостувањето против Вашингтон од 110-115.

Одличен кај Портланд беше Јусуф Нуркиќ со „дабл-дабл“ од 23 поени и 14 скока, а поефикасен од него кај победниците беше само Симонс со 31 поени, дополнети и со 11 асистенции.

Лука Дончиќ, пак, беше најдобар поединец во победата на Далас над Орландо од 108-92. Дончиќ натпреварот го заврши со 23 поени, дополнети и со девет скока и три асистенции.

Се вчитува...