Јокиќ: Тешко ми е да играм на „Ол-стар“, не знам што треба да направам

Најкорисниот кошаркар во НБА лигата за минатата сезона и ѕвездата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ за медиумите во САД говореше за својот настап на годинашниот „Ол-стар“ натпревар во Кливленд.

Тој даде една интересна изјава велејќи дека му е многу тешко на „Ол-стар“ натпреварите бидејќи не знае што точно треба да направи.

„Искрено да ви кажам многу ми е тешко на „Ол-стар“ натпреварите. Не знам што треба да направам во мечеви кои немаат резултатско значење“, изјави Јокиќ. 

За Јокиќ ова беше четврти настап на натпреварот на најголемите ѕвезди во американската професионална кошаркарска лига.

Се вчитува...