Јокиќ: Тргнав споро, но ја добив трката

Уште една извонредна игра на Никола Јокиќ го однесе Денвер до пласман во полуфиналето на Западната конференција. Кошаркарот од Сомбор го заврши мечот со 36 поени, осум скока и шест асистенции, па тој беше повторно еден од најдобрите на теренот.

По последниот триумф над Портланд, српскиот ас, како и секогаш, ги стави во прв план своите соиграчи.

„Бевме фокусирани, дури и кога тие имаа 14 поени предност во третиот дел. Останавме силни како екипа. Го скршивме натпреварот во последните минути. Тројките ги погодија Монте Морис и Остин Риверс. Јамајка Грин беше исклучително добар, иако немаше многу поени. Портер не задржа во првата четвртина, а Гордон на крајот погоди за три важни поени. Ова беше апсолутна тимска победа во која секој имаше свој удел“, истакна Јокиќ.

На шестиот натпревар Јокиќ направи само две лични грешки по само неколку минути, поради што се пресели на клупата.

„Бев целосно смирен. Јас им верував на моите соиграчи и пред се на тренерот. Мајк знае сè. Како да му се помогне на играчот додека се наоѓа на теренот, но и кога треба да биде на клупата. Почнав споро, но на крајот ја добив трката“, заклучи српскиот ас.

Се вчитува...