Јокиќ знае кој е проблемот на Денвер сезонава

Никола Јокиќ и Денвер Нагетс не ја започнаа добро тековната сезона. Имаат учинок од само 3-3, а доживеаја уште еден пораз на домашен терен, овојпат од Портланд.

Иако примерокот од пет натпревари е мал, „Денвер газет“ веќе пишуваше дека ова лесно би можело да биде почетокот на крајот на големата кариера на Никола Јокиќ. На последниот ден од октомври, овој весник наведе дека Нагетс би можеле да бидат поопасни доколку не се потпираат толку многу на поентерскиот учинок на својот најдобар играч.

Тимот од Колорадо не стои најдобро оваа сезона, со скор од 3-3, па на прес-конференцијата по поразот од Портланд, Јокиќ сосема логично беше прашан зошто имаат толку многу проблеми во играта.

„Кога играме добра одбрана, тоа е навистина добра одбрана. Но, мислам дека кога играме добро, навистина сме добри. А кога играме лошо, навистина сме лоши. Не можеме да најдеме конзистентност или некаква златна средина“, изјави Никола Јокиќ.

На натпреварот против Портланд, голем проблем беа скоковите, како и „ничиите топки“, кои најчесто завршуваа во рацете на играчите на Портланд. Во овој дуел, Портланд имаше 16 скока повеќе од Денвер.

„Скоковите во напад ни претставуваа огромен проблем. Исто така и борбата за топките – секогаш бевме блиску, но не и доволно за да дојдеме до посед. Во втората четвртина ни дозволија да примиме речиси 40 поени, што им даде, ако не баш залет, тогаш барем чувство дека се рамноправни во натпреварот. Не успеавме да го приведеме мечот кон крајот како што треба“, рече Јокиќ.

Се вчитува...