Јон Арне Рисе, со ќерката во автомобил, имал сообраќајна несреќа

Поранешниот член на Ливерпул, Јон Арне Рисе доживеа сообраќајна несреќа во Норвешка. Рисе со својот автомобил, во кој била и неговата ќерка, загубил контрола над возилото и излетал од патот.

Рисе и ќерката веднаш се хоспитализирани, но за среќа со само полесни повреди.

Според информациите од норвешката полиција, Рисе се обидел да избегне неочекувана препрака на патот, поради што излетал од истиот.

„Ја возел ќерката во Олесунд, но неочекувано му излетало животно на патот поради што рефлексон свртел. Двајцата се добро, но ќе останат извесно време во болницата“ – изјави неговиот менаџер, Ерланд Баке.

Се вчитува...