Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе и четвртиот пораз во квалификациите за Светското првенство 2023. Како и во Тблиси пред три дена, така и овој пат од „црвено-жолтите“ подобра беше Грузија која умешно ги искористи нашите пропусти, одолеа на налетот на нашите репрезентативци и сосема заслужено стигна до победа.
По натпреварот Александар Јончевски изјави дека и покрај поразот не може да биде незадоволен од енергијата која ја дадоа момците, а промашените обиди кои беа клучни за поразот се одраз на неискуство.
„Честитки до Грузија за заслужената победа. И ние имавме наши моменти и можеше натпреварот да отиде во круг правец. Честитки за моите момци за борбата и енергијата на двата натпревара и благодарност до нив кои и во овие тешка ситуација покажаа почит кон националниот тим. Можам да кажам дека разликта помеѓу првиот и вториот натпревар е тоа што го затворивме рекетот, не го исконтролиравме скокот, но одговориме добро во одбраната. На крајот имаа повеќе играчи кои можеа да одговорат во таква ситуација“, изјави Јончевски кој потоа додаде
„Имавме добри моменти и отворени обиди и можеше да отиде натпреварот во друг правец. Имавме отворени положувања кои ги промашивме. Ова сепак не е најдобриот тим кој го имаме, но не можам да кажам дека момците не го дадоа максимумот. Тие не се искусни играчи, некои од нив за прв пат се во тимот. Имаа моменти, но за жал не погодија. Постигнавме само шест поени од клупа. Не можам да кажам дека сум лут за тоа или дека тоа е лошо, енергијата беше добра, но можеше да биде и подобра“
Според Ненад Димитијевиќ за поразот пресудила добрата игра на Шермадини и Мекфаден.
„Знаевме дека ќе биде тешок натпревар. Грузија е добар тим и бевме подготвени за тешка битка. Тоа што пресуди е дека постигнаа клучни поени во клучни моменти. Шермадини и Мекфаден ја направија разликата, тоа се двајца одлични играчи па и покрај нашата добра игра не беше доволно за победа“, вели Димитијевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА