Јонуз нов тренер на грчкиот второлигаш Аигиниакос

Поранешниот македонски селектор Мирсад Јонуз е именуван за нов тренер на грчкиот второлигаш Аигиниакос.

Како што информираа и официјално од клубот веќе е постигнат договор со македонскиот стратег кој денеска од 13 часот ќе го одработи првиот тренинг со клубот, по што ќе следи и официјалната промоција.

Аигиниакос на стартот од сезоната во првите три кола запиша две ремија и пораз по што следи промена на тренерот.

Последен тренерски ангажман за 56-годишниот Јонуз беше во сезоната 2012/2013 во Неа Саламис – Фамагуста во Кипар. Во периодот од 2003 до 2009 година беше селектор на младата репрезентација на Македонија, а од 2009 до 2011 ја предводеше сениорската селекција. Претходно беше тренер и на Работнички и прилепска Победа во домашниот шампионат.

Се вчитува...