Јоргос Воворас ќе биде нов тренер на ПАО

Грчкиот кошаркарски гигант Панатинаикос ќе го назначи Јоргос Воворас за нов тренер, открива специјализираниот портал „Јурохупс“. 43-годишниот стратег треба да ја преземе функцијата на почетокот на јуни, кога се очекува и официјално да биде претставен пред јавноста од првиот човек на клубот, Димитрис Јанакопулос.

Воворас, кој шест сезони беше асистент во клубот, треба да го замени Рик Питино кој во март ја напушти Атина. Во меѓувреме, поради пандемијата на коронавирусот, првенството на Грција е прекинато, а Панатинаикос е прогласен за шампион.

Се вчитува...