Јотиќ си оди од Вардар, следна дестинација – Германија

Ловро Јотиќ по само една година ќе го напушти тимот на Вардар откако хрватскиот бек не успеа да се наметне како лидер на бековската линија на „црвено-црните“.

Управата на Вардар води разговори за да ги задржи клучните играчи, но откако беше договорено продолжување на соработката со Талески, Георгиевски, Дибиров и со Калараш, стана јасно дека тоа нема да биде случај и со Јотиќ. Хрватот свесен за тоа веќе почна да си бара нов клуб, а следна дестинација во неговата кариера ќе биде Бундес-лигата.

Германскиот прволигаш Лајпциг е новиот клуб на Јотиќ, откако денеска беше официјализирано дека хрватскиот бек потпишал едногодишен договор со оваа екипа, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.

Се вчитува...