Јотовски подобар од првиот носител во Ровињ, пласман во четвртфиналето

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски обезбеди место во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот во Ровињ, Хрватска.

Јотовски во одличен меч запиша извонредна победа елиминирајќи го првиот носител, Зденек Колар од Чешка. Јотовски со повеќе од убедливи 6-2,6-2 го победи Колар, кој е на 226. место на АТП ранг листата.

Во четвртфиналето утре Јотовски ќе игра против петтиот носител Мате Делиќ (403. место на АТП листата) од Хрватска, кој во мечот од второто коло го победи Чехот Павел Неједли.

Се вчитува...