Македонскиот пливач Јован Јанковски, член на ПК Вардар 2018, запиша нова историја за македонското пливање со поставување нов државен рекорд на пливачкиот викенд „13 Ноември“ кој се одржа во Скопје.
Јанковски постави нов државен рекорд во дисциплината 100 метри делфин со феноменално време од 54.35 секунди, соборувајќи го стариот рекорд на Марко Блажевски од 54.75 секунди.
На истиот митинг, Јанковски, покрај државниот рекорд, собори и свој личен рекорд на 200 метри слободно пливајќи со време од 1:50.86 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

