Јован Стојоски го урна националниот рекорд на 400 метри во сала, стар 35 години

Македонскиот атлетичар Јован Стојоски го урна државниот рекорд на 400 метри во сала на Македонија. Тој на митингот во Будимпешта, Унгарија делницата од 400 метри ја мина за време од 47.18 секунди, вреден 1096 бода.

Со ова остварување тој го подобри рекордот на легендарниот Исмаил Мачев стар 35 години кој изнесуваше 47.49 секунди.

„Честитки за Јован Стојоски , после 35 години срушен рекорд на Исмаил Мачев! Во својот настап на Меѓународниот митинг за Сениори во Сала кој се одржа овој викенд во Будимпешта , Унгарија , Јован Стојоски освојуваjки го првото место го собори националниот рекорд на Македонија на 400м во сала со време 47.18 сек. вреден 1096 бодови , рекорд стар 35 година со претходна сопственост на нашата атлетска ѕвезда Исмаил Мачев , кој претходно изнесуваше 47.49 сек. поставен исто така во Будимпешта“, стои во соопштението на Атлетската федерација на Македонија. 

 

 

Се вчитува...