Јован Стојоски ќе трча во иста квалификациска група со светскиот рекордер на 400 метри

Единствениот македонски претставник на Летните олимписки игри во атлетика, Јован Стојоски утре ќе го има својот настап во квалификациите на 400 метри.

Тој ќе биде дел од 4. квалификациска која на програмата е во 04.09 минути по македонско време, а ни повеќе ни помалку ќе трча заедно со светскиот рекордер Вејд ван Никерк од Јужна Африка.

„До вчера ми беше идол, а утре ќе трчам со него на Олимписките игри во иста група со светскиот и олимписки рекордер“, напиша Јован Стојоски. 

Се вчитува...