Јован Стојоски заврши на 12. место од 17 атлетичари на трката на 400 метри во Алжир

Македонскиот атлетичар Јован Стојоски го заврши својот настап на Медитеранските игри во Алжир како 12-ти од 17 натпреварувачи на трката на 400 метри.

Стојоски во првата квалификациона група го освои 4. место со резултат 47,07 секунди што е послабо од неговото најдобро време (46.81 сек.) за 26 стотинки односно за 8 стотинки од неговото најдобро време во 2022 година (46.99).

Со овој резултат тој не успеа да се пласира во понатамошниот дел од натпреварувањето (12. место од 17 натпреварувачи) и го заврши својот настап на Медитеранските игри ОРАН 2022!

Се вчитува...