Јовановски: Спогодбено го раскинав договорот со Беласица, горд сум на фудбалерите кои ги тренирав

Ѓоре Јовановски по три натпревари веќе не е на чело на прволигашот Беласица, откако по денешниот пораз од Борец од 2-1 спогдбено го раскина договорот со струмичкиот тим. Јовановски вели дека е горд на фудбалерите кои ги тренираше овој период и се надева дека до крајот ќе успеат да обезбедат опстанок.

„Спогодбено го раскинав договорот со Беласица. Благодарност голема до раководството. До фудбалерите порака дека многу им е мило што ги тренирав овој период. Тоа е група на одлични момци и навистина се надевам дека ќе успеат да изборат опстанок“, вели Јовановски. 

Беласица се наоѓа во тешка ситуација бидејќи е последна на првенствената табела со само 12 бода.

Се вчитува...