Јовиќ: Фаворити сме, нема бегање!

Металург во улога на фаворит, в недела го пречекува Чеховски медведи, во продолжението на групната фаза од Лигата на шампионите. Тоа го истакнува и Александар Јовиќ кој во отсуство на „неопределено“ на Лино Червар, со успех го предводи тимот на Металург.

Во сите досегашни натпревари ние, условно, бевме аутсајдери и се обидовме со некои мотивирачки пресови да ги разбудиме нашите играчи. Од мачиња да станат лавови и слично, да знаат дека нема што да се изгуби и дека со борбена и трпелива игра во нападот, може да направиме добар резултат. На овој натпревар во недела Металург е фаворит и нема бегање од тоа. Добро работевме и подготвени ќе го дочекаме тој натпревар за да забележиме втора победа на домашен терен“ – изјави Александар Јовиќ во пресрет на дуелот со Чеховски медведи.

„Мералурзи“ славеа победа на гостувањето во Русија, а реално имаат шанса да го повторат успехот и на домашен терен против последнопласираната екипа во групата Д од ЛШ. Металург е на четвртото место со пет бода, зад Монплеје, Мотор и Бешикташ, а пред Спортинг и Чеховски медведи на последните две места.

Се вчитува...