Јовиќ и натаму се правда: Виновен сум, ако треба казнете ме…

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ жестоко го критикуваше фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ поради непочитување на препораките за самоизолација.

Јовиќ, пак, и натаму продолжува со себеоправдувањето нагласувајќи дека никој не му ги кажал правилата за карантин.

„Излегов затоа што не знаев какви се правилата. Знам дека е тешко да се поверува, но тоа е вистината. Во Шпанија и Италија може да се излезе за да одиш до аптека или маркет. Мислев дека и во Србија е така. Виновен сум, ако треба нека добијам и казна, но мислам дека и надлежните мора повеќе да ги едуцираат луѓето. Инаку, многу ми е тешко дома затоа што навикнат сум да тренирам секој ден. Ќе издржиме сите заедно“ – порача Јовиќ за српските медиуми.

Се вчитува...