Јовиќ: Ја молам публиката за поддршка, ветувам дека никој нема да ги изневери

Тренерот на Еурофарм Пелистер Александар Јовиќ, ги искажа своите импресии од победата над Татран Прешов во Битола, што го однесе тимот блиску до Ф4 во СЕХА лигата.

Јовиќ искажа задоволство од ангажманот на ракометарите, особено во фаза на одбрана, што според него беше одлучувачко.

„Имавме одличен ангажман во фаза на одбрана, бевме агресивни, ги затворивме сите нивни акции што ни донесе ленси голови во транзиција. Голема благодарност до играчите за ангажманот и желбата за победа што ја покажаа против квалитетен ривал“, рече Јовиќ кој ја замоли публиката за поддршка во следните два месеци во битките кои ги очекува битолските „зелено-бели“.

„Сакам да искажам благодарност до публиката што дојде до толкав број. Но, би сакал да ги замолам и да им кажам дека нам во овие два месеци ни се потребни сите играчи. Многу ја сакам Битола, го сакам клубот и мислам дека заедно имаме големи шанси да ги оствариме целите. Затоа би замолил овие два месеци да се сплотиме. Хосни ни е потребен како играч, и моја молба до публиката е да ни даде поддршка и јас ветувам дека нема никој да ги изневери“, рече Јовиќ.

Се вчитува...