Јовиќ на чело на Пелистер 2

Поранешниот тренер на Металург, Александар Јовиќ, е изборот на раководството на Пелистер за предводник на вториот тим на битолскиот клуб за следната натпреварувачка сезона. По фузирањето на двата битолски клуба улогата на тренер на Пелистер 2 ја извршуваше Александар Зарков, но челниците на Пелистер сепак решија да направат промена на кормилото, ангажирајќи го Јовиќ како предводник на овој проект.

Овој стручњак пред неколку години раководеше со сличен проект во Металург, како предводник на талентирана генерација млади ракометари. Јовиќ подоцна доби шанса и во првиот тим на „металурзите“, но на крајот доби отказ и си замина од клубот од Автокоманда.

Вардар и Металург најавија дека ќе ги повлечат своите втори екипи од натпреварувањата во Супер-лигата, но битолчани остануваат на ставот Пелистер 2 да биде дел од ова натпреварување, додека првиот тим во новата сезона ќе се приклучи од плејофот.

Се вчитува...