Јовиќ: Со добра одбрана може пак да го изненадиме Мотор

Металург в сабота во Скопје, го пречекува Мотор Запорожје во натпреварот од 9.коло во Д групата од Лигата на шампионите. „Металурзи“ се во лоша серија со четири порази во серија во натрпеварите од ЛШ, но тренерот Александар Јовиќ се надева дека Металург може со добра одбрана да го изненади фаворизираниот противник и да ја повтори играта што ја прикажа на првиот меч во Украина на кој изборија реми (28-28)

Одигравме два најдобри натпревари во ЛШ на гостински терен со Мотор Запорожје и со Чеховски медведи, особенбо тој натпревар со Мотор кој мислам дека ни беше најдобар натпревар оваа сезона. За сабота, нормално фаворитска улога ја има Мотор. Се работи за искусна и квалитна екипа која знае да ја искористи својата шанса. Нашите шанси би ги гледал во добра игра во одбраната. Факт е дека во последните натпревари играме послабо одбрана што се гледа и по примените голови. Ако одиграме добро во одбрантаа тогаш и нашите голмани ќе имаат многу повеќе одбрани. А сето тоа е предуслов за позитивен резултат“ – истакна тренерот на Mеталург, Александар Јовиќ.

Иако се уште главниот тренер на Металург, Лино Червар, кој отсуствува поради селекторскиот ангажман во Хрватска, деновиве бил на тренинзите на Металург во подготиовките за Мотор, сепак на саботниот меч, Јовиќ останува на клупата, а Червар ќе дава поддршка за „металурзи“ од трибините.

„Секој совет ќе биде добредојден. Овој натпревар треба да ни ја подигне самодоверврбата. Освен на оној натпревар со Чеховски медведи на домашен терен, на другите мечеви игравме генерално добро. Ни недостасува тоа искуство кога се крши натпреварот, влегуваме во некои грешки во тие моменти и тиоа е нешто кое со искуство и со тек на време треба да го надминеме“ – вели Јовиќ.

Натпреварот Металург – Мотор Запорожје е в сабота во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 17.30 часот.

Се вчитува...