Јовиќ во јануари се сели во Интер

Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ во јануарскиот преоден рок ќе замине во редовите на Интер, пренесува Газета. Како што пишува овој престижен италијански медиум, двете страни се договориле за шестмесечна позајмица, само нејасно е дали потоа Интер ќе има право на откуп.

Јовиќ би бил „по мерка“ за Интер, како замена за Лукаку кој замина во Челси. Србинот и онака не добива шанса во Реал Мадрид, а згора на тоа „кралевите“ веќе меркаат нов напаѓач (на „радарот“ им се Мбапе и Халанд). Затоа заминување се чини реална опција.

Јовиќ дојде во Реал од Ајнтрахт за 60 милиони евра. Одигра само 38 меча, главно од клупата и имаше скромен учинок од два гола и три асистенции.

Се вчитува...