ЈУБИЛЕЈ – Андон Дончевски за ЕКИПА ТВ: Фудбалска репрезентација – олицетворение на Македонија (ВИДЕО)

Знаме, име, химна и фудбалска репрезентација, тоа се одликите на државноста. Пред точно 25 години, на 13 октомври 1993 година, Македонија го одигра првиот фудбалски меч од осамостојувањето, против Словенија во Крањ и славеше со 1-4. Имавме страшна генерација, Дарко Панчев, Илија Најдоски, Драги Канатларовски, Чедомир Јаневски…
Фудбалска Македонија денеска се гордее и си спомнува за почетоците…

_________________________________________________________________________________________________________

Првиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Андон Дончевски по четврт век од првиот настап на националниот тим за ЕКИПА ТВ се потсетува на случувањата пред 25 години.

„Немавме ниту пари, ниту организација, фудбалерите кои доаѓаа од странство не беа осигурани, никој не земаше никаков надомест, но сите бевме горди што сме дел од историски момент“ – вели Дончевски, објаснувајќи го значењето на првиот дуел на македонската фудбалска репрезентација кој нацијата во тие моменти го дожуваше како олицетворение на државотворноста.

Дончевски зборува и за актулната репрезентација и нејзините резултати, но и за Горан Пандев и Дарко Панчев….

 

Се вчитува...