Јубилејот што секогаш ќе се памети – кога Реал Мадрид „падна“ во Аеродром (видео)

Споменувањето на датумот 6 ноември на македонската кошаркарска сцена секогаш се поврзува со еден настан – големиот триумф на МЗТ Скопје над Реал Мадрид (69-68), извојуван пред точно 22 години во „лименката“ во „Јане Сандански“ во рамките од тогашниот Сапорта Куп.

Жељко Обрадовиќ беше предводник на тој голем тим на Реал, во чии редовите настапуваше и кошаркарскиот волшебник Дејан Бодирога. Сепак, „металците“ не само што не се исплашија од величината на своите ривали, туку тоа им послужи како мотив повеќе да го одиграат мечот за историја да го го турнат великанот на колена, среде скопски Аеродром.

Стефанов, Куртовиќ, Блажевски, Књазев, Михајловски, Симиќ, Американецот Марк Дин и останатите асови на таа генерација на МЗТ, предводени од Александар Књазев на клупата, остануваат запишани како дел од историскиот триумф, со незаборавната завршница и двете слободни фрлања на Перо Блажевски за ерупција од воодушевување и победа што засекогаш ќе остане запишана со златни букви во историјата на МЗТ Скопје.

Се вчитува...