Американскиот тренер Бајрон Скот, за медиумите во САД говореше за тоа што очекува од кошаркарскиот турнир на Летните олимписки игри во Токио. Сепак, очигледно поранешниот тренер на ЛА Лејкерс не знае точно кои репрезентации играат на ЛОИ, но и дека Југославија веќе не постои.
„Франција има добар тим. Југославија секогаш е добра исто како и Русија. Секогаш има еден тим кој ќе ве изненади. Можеби оваа година тоа може да биде Кина“, изјави Скот.
Срамот да биде уште поголем интересно е тоа што ниту Русија, ниту Кина нема да бидат дел од турнирот во Токио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА