„Југословенска“ вечер во НБА: Јокиќ, Зубац, Дончиќ и Богдановиќ делеа часови по кошарка (ВИДЕО)

Богатата програма во НБА лигата изминатата вечер ни донесе неколку неверојатни натпревари кои беа во знакот на Никола Јокиќ, Ивица Зубац, Лука Дончиќ и Бојан Богдановиќ кои делеа „часови по кошарка“.

Српскиот интернационалец во победата на Денвер над Клиперс од 130-128 оствари неверојатен трипл-дабл учинок проследен со 49 поени, 14 скока и 10 асистенции, додека Хрватот на спротивната страна, Ивица Зубац забележа дабл-дабл учинок од 32 поени и 10 скока.

Словенецот Лука Дончиќ повторно ја покажа својата магија во победата над Торонто од 102-98 со 41 поен, 14 скока и 7 асистенции.

Блесна и хрватскиот интернационалец Бојан Богдановиќ кој во поразот на Јута од Хјустон со 111-116 постигна 29 поени на кои додаде и 5 скока.

Се вчитува...