Јулијан Нагелсман е нов тренер на Баерн Минхен!

Јулијан Нагелсман ќе биде назначен за нов тренер на Баерн Минхен на крајот од сезоната, пренесуваат германските медиуми. Нагелсман побарал од Лајпциг да биде раскинат неговиот договор како би можел без проблем да премине кај Баварците.

Сепак, се очекува од Лајпциг тоа да не биде прифатено, па Баерн Минхен ќе мора да ја исплати клаузулата од 17 милиони евра за предвремено раскинување на договорот на младиот германски стратег.

Нагелсман од 2019 е на чело на Лајпциг, а претходно во периодот од 2016 до 2019 година го водеше Хофенхајм.

Се вчитува...