Јунајтед без Погба на стартот од новата сезона во Премиер-лигата

Манчестер јунајтед новата сезона во Премиер-лигата ќе ја отвори следниот викенд, на 19. септември, кога на „Олд Трафорд“ ќе го пречека Кристал Палас.

Но, Јунајтед на стартот од сезоната нема да може да смета на најдобриот свој фудбалер Пол Погба, кој поради опоравување од коронавирусот доцнеше со подготовките, па во моментов одработува само полесни тренинзи со екипата.

„Се надевам дека Пол ќе биде подготвен, но неизвесено е дали ќе може да сметаме на него за почетниот натпревар“ – вели менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.

Премиер-лигата официјално стартува денеска, но натпреварот на „црвените ѓаволи“ е одложен поради нивното учество во Лигата на Европа.

Се вчитува...