„Јунајтед да ги купи Санчо, Кулибали и Грилиш и ќе биде конкурентен со Ливерпул и со Сити“

Манчестер Јунaјтед треба да потроши 250 милиони фунти за да ги доведе Џејдон Санчо, Калиду Кулибали и Џек Грилиш и ќе ги предизвика Ливерпул и Манчестер Сити во трката за премиерлигашката титула. Вакво смело предвидување дава Роби Севиџ кој смета дека тимот на Оле Гунар Солскјер го делат само три засилувања од врвот во Англија.

И покрај лошата сезона, Манчестер Јунајтед имаше и светли моменти како победата над Манчестер Сити и бодот од дуелот со Ливерпул. Севиџ смета дека со вистинските засилувања во летниот преоден рок, Јунајтед повторно ќе биде сила во Премиер-лигата.

„Ако му дадат на Солскјер 250 милиони фунти за да ги донесе Кулибали, Грлиш и Санчо ќе има тим кој би ги мачел Ливерпул и Манчестер Сити следната сезона“ – вели Севиџ.

На „црвените ѓаволи“ им е достижна четвртата позиција на табелата и се во конкуренција за местото кое води во квалификациите за Лигата на шампионите следната сезона, но ќе треба да се изборат со Челси, Шефилд Јунајтед и со Тотенхем.

 

Се вчитува...