Манчестер Јунајтед катастрофално ја стартуваше новата сезона, а поразот од Хал само ги забрза преговорите со Брајтон за финализирање на трансферот на Кристијан Балеба.
Очигледно е дека на „црвените ѓаволи“ им недостига „работник“ на средината од теренот, играч што како последен играч за врска ќе ги прекинува противничките акции, а Керик е убеден дека 22-годишниот Балеба одлично ќе ја заврши таа работа за англискиот гигант.
Со Брајтон веќе е постигнат целосен договор, трансферот ќе изнесува вкупно 70 милиони фунти од кои 65 се загарантирани, а пет милиони поврзани со неколку клаузули.
Балеба вчера ги минал и лекарските прегледи, па се очекува во текот на денешниот ден тој да биде и официјално претставен како најново засилување на „црвените ѓаволи“.
Проблем за Керик е што овој фудбалер веќе извесен период е повреден, па прашање е дали ќе може да се врати до репрезентативната пауза на средината на септември, или своето деби за Јунајтед ќе го има дури на почетокот од октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
