Јунајтед до прва победа сезонава, со гол од пенал во 100. минута… (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед стигна до првата победа сезонава во Премиерлигата, во второто коло на гостувањето против Брајтон триумфирајќи со 2-3 со голот од пенал на Фернандеш дури во 100. минута од средбата.

Победата за „црвените ѓаволи“ се чинеше недостижна откако домашните израмнија со голот на Марч во 95. минута, но потоа следеше ударот од белата точка за три бода на гостите.

Претходно, пак Маркус Рашфорд во 55. минута од средбата стрелаше за водство од 1-2.

Но, Брајтон во 95. минута со погодокот на Марч внесе неизвесност…

Домашните во првото полувреме поведоа со голот на Мапај, а Јунајтед израмни со автоголот на Данк во 43. минута.

Се вчитува...